Често поставувани прашања

Овој дел е наменет за да ви помогне да ги најдете одговорите на најчесто поставуваните прашања во врска со соработката со Grouper.

Општо за Grouper

Grouper постои од Јануари 2011 година. Свеченото отворање беше направено на 21.01.2011 на плоштадот во Скопје. Со тоа започна револуцијата во е-трговијата во Македоинја.
Тимот на Grouper е составен од 10 вредни, млади членови чиј приоритет е професионалниот одност и посвтеноста на нашите соработници, од една страна и крајните корисници, од друга страна.
Лоцирани сме во центарот на Скопје на ул. Лермонтова 3/6, 1000 Скопје.
Се што спаѓа во услужни дејности и производи може да се понуди на Grouper зделка. Покрај тоа сме и лиценцирана туристичка агенција со А лиценца, па во портфолиото на зделки се и патувања.
Grouper нуди зделки за повеќе градови во Македонија. Зделките за патувања се отворени за сите граѓани на Р.М, додека локалните зделки за конкретните градови се насочени кон жителите на одредените градови кои се нудат. Најголемиот фокус е секако во Скопје, но активни сме и во Битола, Охрид, Струга.

Прашања за соработката

Да. Мора да сте регистрирана компанија за да може да понудите зделка. Ако нудите сместување а немате регистрирано комапнија потребно е решение за вршење дејност и категоризација.
Grouper зема маркетинг или промотивен надомест за промовирање и рекламирање на Вашата зделка, во форма на процент од продажба од секој продаден купон.
Исплата за продадените купони, минус провизијата за Grouper се врши по приемот на оригинал фактура од вас, по завршување на зделката. Исплатата ја вршиме по максимум 3 дена по прием на оригинал фактурата од вас. Доколку се работи за голем број на продадени купони и поголема сума исплатата се врши на 2 дела односно 70% по завршување на зделката и 30% кон крајот на рокот на искористување на купоните.
Да! Доколку не доставите фактура немаме основ да ви исплатиме. По завршување на зделката ви испраќаме калкулација и темплејт фактура за да ја изготвите фактурата и со печат и потпис да ни ја доставите по пошта или лично на нашата адреса.
Grouper корисниците треба да ги услужите во полн квалитет и да им дадете добра услуга. Нашата цел е да ви донесеме нови клиенти, а ваша задача е да ги направите задоволни за да потрошат дополнително кај вас и да се вратат повторно. Ако имаме негативни коментари во зделката или на социјалните медиуми ќе ве контактира нашиот агент за разрешување на ситуацијата и ќе ви даде совет како е најдобро да се одговори на корисникот. Имајте предвид дека ниту еден коментар не го бришеме, освен ако не содржи вулгарна содржина.
Да. Нашиот искусен агент ќе ве советува за ограничување на бројот на продадени купони доколку смета дека е потребно.

Прашања за зделките

Времетраењето на зделките е во договор со вас. Минимално времетраење е 10 дена а максимално 20 до 25 дена, зависно од самата понуда.
Не! Строго е забрането примање на уплати кај вас за тековна зделка која е на промоција на Grouper. Ако некој корисник се јави кој незнае да купи упатете го кај нас. Ако корисникот нема платежна картичка имаме плаќање со уплатница, ние ќе го упатиме. Сепак ние ви правиме огромна реклама и купувањата мора да се вршат преку Grouper. Ако дозволите плаќање кај вас, соработката ќе биде прекината и ќе ви бидат наплатени пенали за прекршување на договорот.
Рокот за користење на купоните за услужни дејности треба да е минимум 1 месец, а наша препорака е да е повеќе од тоа односно 2 до 3 месеци. Кај зделките за производи минималниот рок треба да е 1 месец исто така. Кај патувањата рокот е согласно одредениот термин за патување.
Условите ги формирате Вие заедно со наш агент кој ќе ви даде совети за да имате најуспешна промоција.
Ако одреден број на купони не се искористени во предвидениот рок, на Ваша волја може да им дозволите користење и по рокот на корисниците. По правило купоните кои не се искористени во предвидениот рок ја губат промотивната вредност и по рокот може да се користат во вредност од цената која е платена. Така корисникот ќе може да ја доплати кај Вас разликата до редовната цена за да го искорсите. Во овој случај сите добиваат, корисникот не ги губи платените средства, а вие добивате корисник кој ја плаќа редовната цена и кој може да стане редовен клиент.
Имаме лесен начин за проверка и означување на купоните како употребени. Ве повикуваме да го користите системот за да избегнете дупла или невалидна употреба на купони. Се што треба да направите е да пристапите на следниот линк http://grouper.mk/check и да ги внесете кодовите од купонот кој ви го приложил корисникот. Внесете го Купон кодот во полна форма (на латиница заедно со крајната бројка на купонот -1, -2) и Пин кодот и потоа кликнете на Провери. Веднаш ќе добиете информација дали е валиден или искористен купонот и ќе може да го означите како употребен.
Copyright 2014 © Grouper.mk. Сите права задржани.