demo image

Направете ја Вашата успешна Grouper зделка и зајакнете го Вашиот бизнис

Ние сме тука да ви дадеме совет и поддршка пред, за време на и по објавување на зделката. Еве како ќе работиме заедно со вас низ Grouper процесот.

1. Подгответе се!

Запознајте се со нас

Пополнете ја контакт формата со Вашите податоци и наш агент ќе ве контактира за остварување средба со вас. Споделете ја Вашата идеја и цел на промоцијата со нашиот искусен агент кој ќе ви помогне да ја формирате најдобрата промоција.

Откако ќе ја договорите зделката и ќе потпишете договор за соработка, ние ќе ја подготвиме зделката на тој начин што ќе ја претставиме Вашата компанија во најдобро светло за да привлече голем број на нови клиенти. Склучувањето на Grouper зделка е многу едноставно!

Подгответе се за нови клиенти

Додека ние ја подготвуваме Вашата зделка за објавување, подгответе се за нови клиенти. Нашиот агент ќе ви објасни се што треба да знаете за промоцијата, како да ги проверувате и означувате купоните, како ќе ви биде извршена исплатата и се останато што треба да знаете.

Подгответе ги Вашите вработени, информирајте ги за промоцијата и процесот на размена на купоните.

2. Лансирање на зделката

Кога Вашата зделка ќе биде пуштена истата ќе ја промовираме на повеќе начини: ќе испратиме емаил со зделката до зачленетите корисници, ќе ја промовираме на социјалните медиуми и на банери на различни сајтови каде што ги рекламираме нашите зделки. Доколку има коментари или прашања од корисници во форумот на зделката или во било која друга форма, ќе се погрижиме корисникот да добие одговор.

Ако го сакате најдоброто од промоцијата мора да го дадете најдоброто од Вашата компанија. Бидете услужлви со корисниците, одговарајте им на прашањата на телефонските повици или email. Добриот однос и услуга се причина за да купат дополнителни производи и услуги кога го користат купонот и да се вратат повторно.

3. Раст на Вашиот бизнис

По завршување на зделката ќе ви испратиме email со калкулација и информации за фактурата која треба да ни ја издадете. Истата ќе ви ја исплатиме откако ќе ја добиеме во оригинал.

По завршување на период за користење на купоните ќе знаете колку нови клиенти сме ви донеле. За да знаете колку од клиентите потрошиле дополнително средства, колку се вратиле назад ве охрабруваме да водите евиденција за да знаете колку ви донела промоцијата и да имате повеќе искуство при формирање на Вашата следна зделка.

Ние ќе ви овозможиме пристап до панелот за компании каде ќе може да видите детална статистика за Вашата зделка.

Copyright 2014 © Grouper.mk. Сите права задржани.