За порастот на нашата работа и заинтересираноста на компаниите за користење на Grouper како маркетинг алатка говори и фактот што бројот на објавени зделки и бројот на нови соработници по месеци значително се зголемува.

Пораст на бројот на компании и бројот на зделки на месечно ниво од Јан 2011 до Јули 2014

Сепак целта не ни е голем број на нови компании, доколку истите не станат наши редовни партнери. Затоа направивме анализа на компаниисте според бројот на објавени зделки. Податокот за тоа дека над 70% од компаниите објавиле повеќе од 1 зделка е знак дека стапката на повторна соработка е на високо ниво.

Нашата цел е задоволни партнери кои ќе останат наши редовни клиенти, кои ќе бидат задоволни од резултатите и повторно ќе го користат Grouper за други промоции. Затоа спроведовме анкета со цел да го оцениме задоволството на соработниците од Grouper промоциите.

Покрај огромната реклама која ја добивате имате можност и да остварите директен профиот од истата. Како компаниите ја карактеризираат профитабилноста од промоциите?

Од графикот може да се забележи дека 63% од компаниите оствариле профит од промоцијата, додека 24% се изедначиле односно ниту потрошиле средства ниту заработиле.

На следиот график гледаме колку нови клиенти им донел Grouper на соработниците. За најголемиот дел од компаниите (над 54%) повеќе од пола од корисниците кои дошле со купон биле кленти кои за прв пат го посетуваат нивниот локал.

Покрај новите клиенти кои сме ги донеле сакаме да знаеме дали корисниците кои ги носиме се квалитетни односно дали трошат дополнително кога го користат купонот кај продавачите? Најдолемиот број од соработници велат дека од 11 до 25% од корисниците кои доаѓаат кај нив со купон купуваат дополнително други производи и услуги надвор од купонот. 21% од компаниите одговориле дека повеќе од половина од Grouper купувачите потрошиле дополнитено средства при користење на купонот.

Copyright 2016 © Grouper.mk. Сите права задржани.